Volkswagen го кажа датумот кога ќе прекине производство на мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Во Volkswagen Group очекуваат сериозното навлегување на електромобилите на пазарот да се случи после 2026 година. Тогаш концернот ќе ја пушти на пазарот следната генерација на бензин и дизел модели, што ќе биде и последна во историјата.

Традиционалните производители во моментов се подложени на огромен притисок од регулаторните органи за намалување на емисиите на штетни гасови, што треба да ја подобри елоколошката состојба на животната средина. Тоа е она што го тера Volkswagen  да направи радикална промена и да се насочи кон електрични превозни средства.

„Нашите колеги работат на последната платформа на превозни средства, кои не се со нула  CO2. Целта ни е постепено да го сведеме на минимум користењето на мотори со внатрешно согорување“, вели извршниот директор на VW Group, Михаел Јост.

За префлањето кон електричниот погон на 12 бренда од концернот се предвидени 50 милијарди долари и тоа за следните пет години. Уште во 2019 година треба да бидат готови електричниот хечбек Neo, кој ќе биде првиот од семејството Volkswagen I.D. Истовременот со него ќе се појави и првиот електромобил на Porsche – Taycan.

Јост, сепак, најави дека моторите со внатрешно согорување нема да бидат целосно заборавени дури и после 2050 година, кога во голем дел од Европа ќе влезе во сила целосната забрана. Автомобили со мотори на бензин и дизел ќе се нудат во региони, каде нема инфраструктура за полнење на автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK