Во Volkswagen планираат нов голем пикап

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на Volkswagen ги проучува можностите за проширувње на понудата со втор, поголем пикап, кој ќе биде ориентиран кон пазарот во САД. Ова го објавува специјализирано списание од Велика Британија, а во него е објавена изјава од еден од директорите кој вели дека компанијата има потреба од таков модел за да ја зголеми продажбата во САД.

Новиот пикап на Volkswagen најверојатно ќе биде сериска верзија на концептот Atlas Tanoak, покажан на последниот саем во Њујорк. Тој е изработен на платформата MQB и го надминува во димензии Amarok – долг е 5,4 и широк 2 метри со растојание меѓу оските од 3,26 метра.

Atlas Tanoak е опремен со 3,6 литарски V6 мотор со моќност од 280 коњски сили, кој ги движи четирите тркала со осумстепен автоматски менувач. Ова возило забрзува од 0 до 97 км/ч за 8,5 секунди. За сигурно возење на тежок терен помагаат клиренсот од 25 сантиметри и системот Active Control, кој ги оптимизира поставките за преност и контролната електроника во зависност од тротоарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK