Во најава: Петте нови Лади кои ќе променат сè

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата АвтоВАЗ публикуваше една интересна информација посветена на претстојниот саем во Москва. На саемот рускиот бренд ќе покажe пет нови модели, а натписот зад автомобилите кои уште се скриени гласи: „Премиера, која треба да промени сè“.

Од Lada уште не откриваат кога ќе биде главната премиера и какви се петте скриени автомобили од фотографијата. Сепак, веќе почнаа шпекулациите. Најверојатно, на прв план под прекривката е сокриен обновениот Lada Granta.

До новата Granta е скриена Lada Vesta Sport. Во задниот дел се скриени лесно видоизменетите хечбек и комби на Lada Kalina, кои ќе влезат во семејството на Granta, а во центарот на композицијата е возилото со зголемена проодност  Lada XRAY Cross.

Според други претпоставки, под прекривката се скриени сите модификации на Lada Granta – седан, лифтбек, хечбек, комби и неговата крос верзија. Веќе се знае, дека од Тољати имаат подготвено и уникатен концепциски автомобил. Ќе биде претставена и обновената Lada Niva.