Во Грција на сила се повисоки казни за сообраќајни прекршоци

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе не е можно глобата да се намали за 50 проценти доколку се плати во рок од 10 дена.

Во Грција, на 30 март оваа година, стапиja во сила измени во Законот за патен сообраќај со кои се зголемија глобите за казните за сообраќајни прекршоци.

Она што е ново е дека без разлика дали се работи за туристи или професионални возачи на камиони и автобуси, покрај паричната глоба можe да се одземе и сообраќајната дозвола, регистарските таблички и возачката дозвола за период од 60 дена, односно додека на казнетите туристи им трае туристичкиот аранжман.

Според новите регулативи, прекршоците се поделени во три групи, во зависност од степенот на опасност која е предизвикана, на прекршоци со помала, средена и висока опасност.

Во зависност од тоа, се одредуваат глоби:
– За прекршоци од првата група до 100 евра,
– втората група од 101-300 евра,
– третата група од 301-600 евра.

Исто така, треба да се има на ум дека повеќе не е можно глобата да се намали за 50 проценти доколку се плати во рок од 10 дена.

Глоби:
• недозволено паркирање – 40 до 80 евра
• превисока брзина – од 40 до 750 евра
• неврзани ремени – 350 евра
• непочитување на пешаците – 200 евра
• возење во алкохолизирана состојба – од 0,5 до 0,8 промили -78 евра, од 0,8 до 1,1 промили – 156 евра, над 1.1 промили – 625 евра
• опасно возење – 700 евра
• користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
• врзување на сите ремени е задолжително
• задолжителен е триаголник
• задолжителен е противпожарен апарат
• задолжителна е прва помош

Следете не и на:

24AUTO NETWORK