Во Франција отворена истрага против PSA околу емисијата на гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Француските обвинители отворија формална истрага околу сомневањето за можно мамење на тестирањето на емисијата на штетни од страна PSA групацијата. Компанијата е под истрага за наводна измана на потрошувачите, изјавил еден судски извор во понеделникот, потврдувајќи ги извештаите во дневниот весник „Liberation“.

Во февруари PSA стана четвртиот производител што реферираше пред одвинителите на француските власти околу можното мамење со емисијата на штетни гасови по појавата на скандалот со Volkswagen.
PSA потврди дека ја „примиле пораката“ за отворање на истрага од страна на обвинителите, велејќи дека нивните возила се целосно во согласност со прописите во државите каде се продаваат.

По откривањето на VW во 2015 година за мамење на тестовите на дизелските мотори во САД, во Франција започна случајно тестирање на возила да се провери разликата помеѓу лабораториски резултати и емисијата во реалноста. Тестовите покажаа дека NOx и CO 2 емисиите се над над регулаторните ограничувања и широка употреба на уреди кои го намалуваат покажувањето на нивото на издувните гасови во некои услови. Авто-производителите повика на европската правна дупка што им дозволува таков вид софтвер заради безбедност или заштита на моторот.

Досега VW, REnault, FCA и PSA биле под истрага на француските власти.

PSA дизелските агрегати кои се со Еуро 6 стандардите покажуваат чиста емисија поголема во однос на многу ривали, благодарение на стандардно распоредување на скапа селективна каталитичка редукција (SCR). Но, при тестирањето лани пет возила на PSA кои имаат Еуро 5 стандард покажале значително повисока емисија на NOx на автопат кога температурата на моторот се зголемува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK