Внимавајте: Хрватите ќе ловат „луди возачи“ со 26 нови пресретнувачи

ОБЈАВЕНО НА:

За  да се намали бројот на сообраќајни несреќи на патиштата низ Хрватска, Министерството за внатрешни работи на оваа земја одлучи да набави 78 нови возила со вкупна вредност од речиси 4 милиони евра. Се работи за 26 возила наречени „пресретнувачи“, 15 комби возила за извршување на увид и 30 мотоцикли.

Тие ќе бидат распоредени по патиштата во државата, особено на автопатиштата каде ќе ги „ловат“ возачите што нема да се придржуваат кон сообраќајните прописи. Ова особено сега ќе биде засилено за време на летните одмори кога се очекува голем број на странски туристи да има на хрватските патишта.

Бројките на жртви од сообраќајни несреќи во Хрватска се навистина големи. Во минатата година загинале 331 лице, додека повеќе од 2.700 биле тешко повредени. Со полесни повреди од големиот број на несреќи завршиле околу 11.800 лица.

Ако патувате во Хрватска имајте го ова на ум. Немојте да брзате и почитувајте ги сообраќајните прописи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK