Вистина или маркетинг: Tesla Model 3 на сервис после милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Само што беа испорачани првите количини на новиот Tesla Model 3 стигнуваат се повеќе технички информации. Она што е интересно е изјавата на директорот на компанијата Tesla, Елон Муск дека сопствениците на овие возила нема да имаат голема потреба од доаѓање на сервис како што е сега случај со возилата со мотор на внатрешно согорување.

На промоцијата на новиот модел, Муск изјавил дека „следната генерација на мотори (што се користи во модел 3) е дизајнирана да издржи над еден милион километри до сервис. Дали станува збор за вистина или пак маркетинг сега не може веднаш да се утврди, но сигурно е дека сопствениците на возилата веројатно ќе мораат почесто да ги посетуваат сервисите од најавата на првиот човек на компанијата.
Тоа се однесува на сопирачките и гумите, а оптимизмот на Муск се базира на електричниот мотор, управувачкиот систем и бетериите.

На пазарот во САД моделот Tesla Model 3 доаѓа со стандардна четиригодишна гаранција и осум годишна гаранција на батериите. И покрај изјавата на Муск, сепак компанијата работи на развој на сервисна мрежа во светот со цел да им понуди на клинетите што подобри услови, и сервисот да биде поблиску до нивниот дом.

Стандардниот Model 3 чини од 35.000 долари, и според фабричките податоци ќе има досег од 354 км. За дополнителни 9.000 долари може да добиете Model 3 Long Range што може да мине до 500 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK