Toyota продаде 2 милиони хибриди во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota oбјави дека продажбите на хибридните автомобили на брендот во Европа веќе успеале да стигнат до бројката од 2.000.000 единици.

Јубилејниот претставник бил доставен до клиент од Полска, а тој го направил својот избор со двобојниот C-HR Hybrid.

За да биде достигната бројката од 1.000.000 продадени хибридни возила во Европа на Toyota и биле потребни десет години, а следниот милион возила бил достигнат за осум месеци.

Во моментов Toyota на пазарот во Европа нуди седум стандардни и еден електричен хибрид. Кај Lexus хибридната понуда е со девет различни модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK