Toп безбедност: Пет ѕвездички за Volvo XC40

ОБЈАВЕНО НА:

Новото Volvo XC40 доби нова голема меѓународна награда, а тоа е максимален рејтинг за безбедност од пет ѕвезди од Euro NCAP. На тој начин XC40 се нареди до поголемите „браќа“ од сериите 60 и 90, како еден од најбезбедните автомобили на патот.

Тестовите на Euro NCAP во 2018 година се најтешките досега, а вклучуваат нови построги испитувања на системите за безбедност, вклучувајќи ги и технологиите за препознаање на велосипедисти со автоматска примена на сопирачките и помош при одржување на правец. ХС40 го постигна најдоброто претставување од сите автомобили кои беа тестирани на новите правила на Euro NCAP.

Сите Volvo автомобили кои денес се на продажба, а биле тестирани имаат рејтинг од пет ѕвезди од Euro NCAP. Минатата година XC60 беше автомобилот со најдобри оценки, а беше и најбезбеден СУВ во сегментот. Воедно ја доби и титулата Best in Class на Euro NCAP. Истата награда ја доби и ХС90 во 2015 година.

Во март ХС40 ја доби титулата Автомобил на Европа за 2018 година, која е првата таква награда за Volvo и оттогаш е еден од најпродаваните модели на компанијата низ светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK