Топ-10 најпродавани СУВ возила во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните години, СУВ моделите успеаја да се најдат на врвот на многу од класификациите на пазарот за новопродадени возила, како во Европа така и во другиот дел од светот со доминација од околу 34 проценти.

Најновото истражување на агенцијата Focus2Move дава податоци за тоа кои се најбараните модели на глобалниот пазар.

Според податоците од агенцијата со пораст од 7,8 проценти за првите пет месеци од годината на челната позиција е Toyota RAV4 и тоа со продажен резултат од 335.128 единици. На 2 место со минимална разлика е VW Tiguan со 332.185 возила, додека Honda CR-V  е трета со 275.476 автомобили.

Во топ 10 на најпродаваните СУВ модели од почетокот на годината исто така влегуваат Hyundai Tucson (235 789), Nissan Qashqai (224 788), Haval H6 (200 964), Mazda CX-5 (198 136), Nissan Rogue (197 255), Kia Sportage (192 773) и Baojun 510 (189 709).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK