Tоп 10 автомобилски групации во светот

ОБЈАВЕНО НА:

По првите пет месеци од годината, VW Group се наоѓа на лидерското место по продажба меѓу автомобилските групации. Забележан е пораст од 6,7 проценти, што е еднакво на 4.576.455 возила. Компанијата запишува и пораст од 5,8 проценти во мај, а во овој месец е запишана продажба на вкупно 939.352 автомобили.

Според податоците од агенцијата Focus2Move разликите во реализацијата на првите три компании на листата се мали. Renault-Nissan ја зазема втората позиција, а има пораст од 4,1 процент односно 4.258.343 возила за првите пет месеци во година, додека Toyota Group има подобрување од 2,2 проценти што е еднакво на 4.054.858 продадени возила.

Во топ 10 на автомобилски компании исто така влегуваат и General Motor (3.587.860, +2.9%), Hyundai-KIA (3.041.139, +10.1%), Ford Group (2.454.833, -6%), FCA (2.068.521, -0.5%), Honda Motor (1.952.963, -1.2%), PSA (1.882.207, +3.4%) и Suzuki (1.231.808, +10.7%).

Меѓу најдобрите 25 автомобилски групации во светот, со најголем пораст во продажбите во првите пет месеци од годината можат да се пофалат кинеската SAIC Motor (+57%), Geely Group (+26.8%), BYD (+19.5%), TATA (+11.5%) и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK