И Tesla на дополнителен сервис – проблеми со седиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската компанија Tesla повика на дополнителен сервис 11.000 возила од Model X низ светот поради проблем со механизмот за заклучување на задните седишта, објави CNBC. Според информациите, компанијата ги повикува возилата произведени помеѓу 28 октомври 2016 година и 16 август 2017 година. Од Tesla велат дека вистински проблем веројатно има само кај околу 3% од сите нив.

Проблемот што се појавил е во некои кабли во задните седишта можеби е зашто биле несоодветно затегнати и затоа го зголемуваат ризикот да ги придвижат напред седиштата во случај на несреќа. Каблите за кои станува збор се дел од механизмот за заклучување што го држи седиштето во исправена положба.

Проблемот е откриен за време на интерните тестови, наместо да има жалби на потрошувачите, се вели во соопштението на компанијата. Иако Tesla не добила никакви известувања по ова прашање, тие сакаат доброволно да ги испитаат погодените возила.

Компанијата уверува дека може да ги преземе сите неопходни поправки преку својата мобилна служба за поправка. Ако сакаат, сопствениците можат да ги однесат своите автомобили во еден од сервисните центри на Tesla.

Вестите засега немаат негативно влијание врз тргувањето со акции.