2017 Silverstone Classic Media Day. Silverstone, Northamptonshire. 23rd May 2017. David Brabham. World Copyright: JEP/LAT Images.

Супер автомобил за кам-бек на Brabham (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Секој фан на Формула 1 и познавач на историјата на ова натпреварување добро знае што значи името Brabham за овој спорт. Од 1962 до 1992 година неговите болиди имаат забележано настап на 402 Гран при трки. Имаат обезбедено 35 победи, 120 подиуми, две титули кај конструкторите и четири кај пилотите.

Освен во Формула 1, Brabham има учествувано и во други натпреварувања како Формула 2, 3 и 5000, но и на трките во Indycar. Покрај тоа се правени и покриени возила како BT8 во 1964 година.

Тимот се губи од хоризонтот на почетокот на 1990 година, но после ова се прават неколку обиди за враќање на марката на сцена. Минатиот месец беше означен старт на нов ваков обид, а тој проект е воден од страна на синот на Џек Бребем, Дејвид, кој ја создаде фирмата Brabham Automotive. Од неа ветуваат дека на 2 мај оваа година ќе го претстават првиот автомобил со името Brabham после цели 26 години.

Работата на новото возило очигледно не е почната пред неколку дена, а од компанијата уште не даваат конкретни информации. Се очекува тоа да биде супер возило за возење по јавни патишта. Индексот на моделот BT62 ги продолжува ознаките на старите автомобили од оваа марка.

Зад буквите се кријат имињата на Brabham и Tauranac (Рон Торанак е конструкторот кој е ко-основач на тимот Brabham и фирмата MRD). Бројката означува уште еден нов модел во историјата на Brabham.