Subaru лажираше резултати, директорот си поднесе оставка

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на произведувачот на автомобили од Јапонија, Subaru, поднесе оставка после скандалот во врска со лажните податоци за емисијата на штетни гласови и за потрошувачката на гориво.

Subaru утврди дека неточните податоци се однесуваат на преку 1.800 возила, па тоа го чинеше губење на положбата директорот Јасукуки Јошинаги.

Наместо на 22 јуни на годишниот собир на акционерите на јапонскиот производител да биде унапреден во претседател на Управниот одбор на Subaru, како што беше предводено Јошинага мораше да поднесе оставка. Затоа на негово место доаѓа Томоми Накамура.

На почетокот на јуни од Subaru принзаа дека неговите вработени при тестирањето забележале неточни податоци околу потрошувачката на гориво и емисијата на издувни штетни гасови.

Во април беше објавено дека се во прашање 903 автомобили, но во меѓувреме беше објавено дека бројката на возила во скандалот е 927.

Интересно е тоа дека податоците биле преправани на подобро, но и на полошо од измереното. Дека има нешто погрешно во бројките на Subaru стана јасно кон крајот на 2017 година, а ова е само потврда, па затоа ќе мора да се поправат работите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK