Студенти на Skoda создадоа кабрио изведба на Karoq

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda не треба да се грижи многу за својата иднина, барем кога во прашање е интелектуалниот капитал. Група од 20 студенти на возраст од 17 и 18 години кои се дел од авто академијата на Skoda во Млада Болеслав, а под менторство на неколку инжинери создадоа кабрио изведба од Karoq.

Кај овој концепт остануваат четирите врати, а ќе се додаде и мобилен метален кров.  Димензиите на овој концепт остануваат исти како и оригиналната изведба односно должината изнесува 4.382 mm, ширината 1.841 mm, висина 1.605 mm, а исто останува и меѓуоскиното растојание. Со оглед на тоа што на концептното возило не беше откриена внатрешност, сепак најверојатна и таа ќе биде идентична како и оригиналната изведба.

Со влегувањето во продукциска фаза ова ќе биде вториот кабрио SUV во фамилијата на Volkswagen. Претходно германскиот производител објави дека во производство ќе влезе и кабрио изведбата на VW T-Roc.

Инаку Skoda има традиција на креирање на концептни aвтомобили од страна на студенти на оваа школа. Претходно тоа се случи со моделот Citigo, Fabia pickup, Rapid Spaceback и Citigo buggy.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK