Сонот на Ердоган станува јаве – наскоро национален турски авто производител

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку години во една прилика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција мора да има сопствен, национален авто производител по примерот на Volkswagen. “Никој не треба да се двоуми, ќе направиме турски автомобил со најдобар дизајн и технологијаа, како за нашата земја така и за целиот свет” изјави Ердоган.

Се чини дека оваа желба на Ердоган е пред реализација. Како што пренесуваат турските медиуми, петте најмојќни турски компании Anadolu Group, BMC, Koc Group, Turkcell и Zorlu Holding ги здружуваат силите во намерата да го направат првиот целосно турски автомобил.

Турска Автомобилска Иницијативна Група (ТАИГ), како што е наречена оваа иницијатива е предводена од страна на Мехмет Гурчан Каракас, еден од водечките менаџери во Bosch и веќе активно ги предводи проектите за истражување и развој на прототипниот модел кој според неофицијални информации би требало да биде претставен на јавноста не подоцна од првата половина следната година.

Инаку Турција се обиде во далечната 1961 година да го произведе првиот, целосно турски автомобил, но безуспешно. Неколку години подоцна се формираше Tofas кој во тој период, па и денес, е вклучена во заедничко производство на модели од европските производители, наменети за пазарите во Турција и околните земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK