Со овие автомобили најчесто се вози пребрзо!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога има статистички податоци од различна природа може да се извлечат различни информации и интересни детали. Во В.Британија токму на темата брзо возење од оваа статистика има интересен заклучок. Кои возачи и возила најчесто ги прекршуваат прописите.

Повеќе од 1/3 од оние кои ги прекршуваат сообраќајните закони возат BMW, но рекордер во ситуацијата е Nissan GT-R. Овие податоци беа објавени од британската компанија TeamSport Indoor Karting. Оваа компанија успеала да дојде до податоци од државните органи, кои ги отстапиле податоците за периодот од јануари 2017 до мај 2018.

Највисоката брзина која е регистрирана во Лондон е развиена од возач на Mercedes-Benz, кој возел 167,4 км/ч на територијата на главниот град на Англија. Апсолутниот рекордер, сепак, е возач на Nissan GT-R, кој на пат кон Глостершир кренал дури 269 км/ч со својот автомобил.

Во класификацијата влегуваат уште и Lamborghini Huracan од Западен Јоркшир – 257,5 км/ч, BMW 330d од Кента – 244,6 км/ч и Audi quattro од Ланкшир – 240 км/ч.

Од компанијата одбележуваат дека меѓу прекршителите на ограничувањата на брзината во Велика Британија најмногу се возачи на автомобили BMW и тоа – 37,1%.