Со маки купи McLaren 720S и за само еден ден целосно го уништи

ОБЈАВЕНО НА:

Тешко е да се купи автомобил од класата на McLaren, но се чини дека е уште потешко да се сочува повеќе од еден ден. Барем ова се однесува за неименуван жител на Ферфакс.

Мажот чиј идентитет не се соопштува еден ден откако купил нов McLaren 720S кој премиерно беше претставен на ланскиот саем во Женева, во целост го уништил откако возејќи изгубил контрола и се удрил во дрвата покрај патот.

Оваа вест ја потврди полицијата на малиот град во сојузната држава Вирџинија. Полицијата на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија од уништениот автомобил и извести дека возачот на автомобилот вреден околу 300 илјади американски долари по несреќата бил веднаш хоспитализиран и се наоѓа вон животна опасност.

Настанот беше искористе и за да се упати известување до возачите за можните последици при пребрзо возење.