Случајно или не – објавен изгледот на Peugeot 308 GTI

ОБЈАВЕНО НА:

На твитер профилот на Peugeot се појави фотографија на моделот GTI што набрзо беше отстранета. Но, иако истата малку време беше објавена многумина веќе ја симнаа и почнаа и шпекулациите. Дали случајно или намерно беше објавена оваа фотографија?

Сега е познато како треба да изгледа GTI моделот. На прв поглед тешко се наоѓаат разликите, но оние што подобро ги знаат моделите на Peugeot ќе забележат дека има промени на предниот дел, односно горната и долна решетка на ладилникот, редизајнирани се отворите за вентилација, а предниот дел се одликува и со повеќе хромирани делови.

Комбинацијата на сина и црна боја исто така е новост, а на задниот дел што сега не е видлив за јавноста се очекуваат помали промени на ЛЕД светлата и браникот.

Но, бидејќи претходно беа објавени и фотки од освежените модели на компактниот хечбек и караван верзијата, а со тоа одеше и веста за новите и подобрени мотори. Веројатно и со GTI верзијата ќе има подобрени мотори. Сегашниот 1.6 литарски турбо бензински мотор развива 270 КС и 330 Нм. вртежен момент, и се зборува дека би требало да се зголеми силата до 290 КС и 350 Нм вртежен момент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK