Словаците во фабриката на VW ќе штрајкуваат за поголема плата

ОБЈАВЕНО НА:

Работниците во фабриката на Volkswagen групацијата во Словачка гласаа да почнат да штрајкуваат од вторник со барање за зголемување на платите. Во фабриката во Братислава се произведуваат модели на VW, Audi, Skoda и Seat исто како и делови за Porsche и Bentley.

Синдикатот очекува поголемиот дел од вработените да се приклучат на штрајкот, што би довело до застој во производството. Според изјавите на Синдикатот, штрајкот ќе биде бе ограничувања.

Од страна на фабриката на VW се вели дека барањата на синдикатот се зголемување на платата за 16 отсто, што за компанијата е неприфатливо. Тие понудиле покаќување од 4,3 отсто, заедно со едно плаќање од по 350 евра плус другу бонуси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK