Skoda го покажа новиот хечбек – Scala

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Чешка, Skoda објави фотографии од тестирањето на новиот хечбек со пет врати – Scala, а откри и технички карактеристики за овој модел. Автомобилот ќе биде на пазарот со избор од пет различни мотори од кои три ќе бидат на бензин, еден дизел и еден на метан.

Моторите на бензин ќе бидат со обем од 1.0 и 1.5 литри, а основниот ќе развива 95 коњски сили и ќе може да се комбинира само со петстепен менувач. За неговата верзија со 115 коњски сили и за 1.5 литарскиот со 150 коњски сили ќе бидат достапни шестстепен мануелен и седумстепен роботизиран менувач.

Единствениот турбодизел во понудата е 1.6-литарскиот мотор со 115 коњски сили, а тој одговара на еколошкиот стандард Euro 6d-TEMP. Овој мотор исто така ќе може да се комбинира со шестстепен механички менувач, но и со седумстепен DSG.

Верзијата на метан – G-Tec, која ќе може да работи и на бензин ќе развива моќност од 90 коњски сили, а ќе има шестстепен менувач. Автомобилот е направен на платформата A0 MQB, која во основа е редица на модели на концерност со различни размери. Тука има од Volkswagen Polo до Skoda Kodiaq. Должината на Scala е 4362 мм, а ширината е 1793 мм. Растојанието меѓу двете оски е 2649 мм.

Дизајнот на моделот ќе биде во стилот на концептот Vision RS, претставен за време на саемот во Париз. Обемот на багажникот е 467 литри, а при спуштени задни седишта се зголемува до 1410 литри.

Хечбекот ќе добие и комплетно дигитализирана табла Virtual Cockpit, како и мултимедијален комплекс со поддршка на MirrorLink, Apple CarPlay и 9,2-инчен дисплеј. Софтверот ќе биде достапен преку интернет, а автомобилот ќе може да се отклучи со помош на смартфон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK