Си го чистат отпадот: Порасна извозот на дизел возила од Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Од почетокот на оваа година извозот на употребувани дизел автомобили од Германија се зголемил за 20,5 проценти што е рамно на 239.541 возило. Ова го соопштуваат аналитичарите од Унивезитетот во „Вурцбург-Швајнфурт“.

Според податоците најголем пораст бележат старите возила со дизел мотори кои се извезуваат во Украина и тоа за 136 проценти. На 2. место е Хрватска со 89,6%, а потоа следуваат Бугарија (27,7%) и Романија (26,8%). Нема информации за Македонија, а годинава се очекува увозот н аполовни возила да биде околу 25.000 возила.

После скандалот со манипулирање со емисијата на штетни гасови и опаѓањето на популарноста на дизел автомобилите, продажбата на локалниот пазар стана сè потешка. Заинтересираноста е опадната, па трговците се жалат на пад и во цените и извозот очигледно ќе продолжи да расте.

Во Украина, Хрватска, Словенија, Бугарија и Романија најдобро се извезуваат дизел возила со „помрсни“ мотори. Посовремените и почисти дизели од втора рака можат да се најдат на пазарите во Шпанија, Австрија и Франција, додека во земјите каде владее еколошки закони увозот на употребувани дизел возила е во опаѓање. Така во Норвешка има пад во увозот на возила од Германија за 26,6%, во Швајцарија 18,7, а во Финска е во пад од 9 проценти.