Се појави првата шпионска фотографија од новото Porsche 911

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на официјалната премиера, а по бројните најави, на интернет се појавија првите шпионски фотографии од новата 911ка на Porsche.

Без многу разлики во поглед на најавуваниот рендер и бројните “можни” екстериери што претходно се појавија на интернет, новиот 911 Carrera со остри линии изгледа уште поспортски. По спортскиот карактер се 3.0 литарскиот bi-turbo агрегат со 390 КС и нов седум степен мануелен менувач.

Кај овој модел покрај тоа што е намалена тежината, намален и коефициентот на отпор на воздух кој од 0.29 е намален на 0.27 што го вбројува овој модел меѓу оние автомобили со најповолен коефициент на отпор.

Во однос на претходната серија (992) кај оваа серија имаме зголемување на димензиите. Така должината од 4.500 мм пораснува на 4.520 мм додека пак ширината од 1.810 на 1.840 мм.

Во однос на продажната цена, за сега нема официјални потврди околу цената.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK