World premiere of the Volkswagen I.D. R Pikes Peak on 22nd April 2018 in Alés (F)

Се подготвуваат за рекорд: Како VW I. D. R го сече воздухот на Pikes Peak (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen се подготвува да дебитира на Pikes Peak со електричниот тркач I.D. Возењето на Pikes Peak International Hill Climb е закажано за 24 јуни, а целта ќе биде да се собори рекордот во конкуренција на електричните автомобили. На делницата долга 20 километри актуелниот рекорд изнесува 8 минути 57 секунди и 118 илјадити делови, додека апсолутниот рекорд изнесува 8:13.878 и го држи Peugeot 208 T16.

Тимот на Volkswagen Motorsport го почна проектот со тестирање на макета во воздушен тунел. Инженерите со помош на 3Д печатач направија околу 2.000 компоненти, а конструкцијата на автомобилот им овозможи лесно да ги менуваат панелите. На тој начин тимот лесно се експериментираше со различни подесувања на каросеријата. Сличен процес е применет и на верзијата во целосна големина.

Според инженерите на Volkswagen огромната количина на аеродринамичен притисок е главниот фактор во поставувањето на рекордно време на Pikes Peak со оглед на тоа што рутата е преполна со свиоци.

За да се сруши рекордот потребна е голема сила. Во овој план I. D. R нема потешкотии. Возилото користи два електромотори, по еден за секоја оска. Вкупната сила изнесува 500 kW и 650 Nm.  Од Volkswagen велат дека ова возило успева да забеза од 0 до 100 км/ч за само 2,25 секунди.

Зад воланот ќе се најде Роман Дима, возач кој е трикратен победник на „24 часа Ле Ман“, а има и големо искуство и на патеката Pikes Peak каде во 2014, 2016 и 2017 година поставуваше најдобри времиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK