Се освестија: Кина ќе ги преиспита лиценците за производство на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

На одреден период се појавува по некоја компанија што веднаш се фали дека ќе биде конкурент на Tesla, и дека ќе направи електрично возило што ќе биде многу подобро. И многу често тие компании доаѓаат од Кина, а за некои од нив никогаш или многу ретко претходно сме слушнале.

Неодамна кинеските власти привремено го сопреа издавањето на лиценци за производство на електрични возила. Оваа забрана се очекува да трае до почетокот на следната година, и тоа ќе им даде можност на властите да го проверат системот за издавање лиценци. Според изјавата на еден бизнисмен „Владата сака да им даде можност само на оние што се сериозни играчи и навистина имаат капацитет“.

Проблемот е што некои компании имаат лоши производи и бараат државни субвенции, а другите компании не се прифатени од пазарот. За да се надмине ова Кина ќе ги преиспита компаниите што досега добиле вакви лиценци за производство на електрични возила, и ако се утврди дека неможе да испорача квалитетен производ, нивната лиценца ќе биде повлечена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK