Сакаше да направи екстра фотографија, заврши со автомобилот во море (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на возило Mercedes S63 4MATIC нема да ја памети по убаво посетата на Хрватска. Место планираните фотографии заработи штета на автомобилот која ќе го чини повеќе од 130.000 евра колку што е и вредноста на возилото.

Туристот од Германија сакал да направи убава фотографија на своето возило покрај морето, но поради несреќни околности сега ќе има големо олеснување на својот паричник.

Очевидците велат дека возачот се приближил до самиот раб и веројатно по грешка притиснал на педалата за гас место на кочница. Тоа било причина возилото да заврши во морето. За среќа овој модел на Mercedes е опремен со безбедносен систем, па возилото во случај на пожар или поплава ги спушта стаклата на вратите. Тоа му овозможило на возачот да излезе од возилото кое тонело во водата.

Инаку, во вакви случаи кај автомобило кој тоне е невозможно да се отвори врата сè додека автомобилот не се наполни со вода, а притисокот не се израмни. Оттаму оваа лоша случка завршила само со материјална штета, но за жал и со излевање на масло и на гориво во чисто море.

Samo da se zna ko je to

Публикувахте от Marin Deur в 11 май 2018 г.