Русите со алкохол ќе ја борат против скапото гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Руските министерства за економија и финансии предлагаат отфрлање на забраната за продажба на алкохолни напитоци на бензинските станици со цел да се компензира зголемувањето на цената на горивата на големо. Сето тоа е поради фактот што ваквите зголемувања на цената ја намалија заработувачката на бензинските станици.

Продажбата на алкохолот на руските бензински станици е забранета од 2012 година во рамки на кампањата за борба со пијаните возачи. Независните сопственици тврдат дека ограничувањето нема влијаено на никаков начин на безбедноста на патиштата, а тие се принудени да бараат други начини на заработувачка поради сè поголемите цени на горивата на големо.

Идејата за отпаѓање на забраната за продажба на алкохолни напитоци на бензинските станици не е нова. Минатата година во Руската дума беше даден предлог за промена во законот, но тој не успеа да стигне ниту ни до првото читање.

Големиот скок на цените на горивата на големо во Русија (од минатата недела тон бензин чини над 655 евра), а растот на акцизите, инфлацијата и други фактот можат да го сменат мислењето на властите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK