Русите го имаат „летечкото“ возило – Јагалет

ОБЈАВЕНО НА:

Макетното проектирање и конструкторската работа на првиот „летачки“ руски автомобил е веќе завршено. Иновацијата се нарекува „Јагалет“ и ќе претставува спортски автомобил, кој ќе има и пловни функции.

Со други зборови, автомобилот ќе биде нешто како амфибиско воздушно перниче. Се изработува во Тољати од конзорциум на руски претпријатија. Идејата на овој автомобил е да се користи во големите градови каде има и големи водни пространства, а на тој начин ќе можат да го избегнуваат метежот.

Трансформацијата на автомобилот се случува само со притискање на копче од купето, а тоа трае не повеќе од 30 секунди. За управување на тоа превозно средство ќе се бара, како возачка дозвола, така и сертификат за управување со мали бродови.

Одредени технички податоци за Јагалет сè уште не се познати. Конструкторите од Тољати планираат проширување на моделната гама, а после спортското купе ќе се појават и СУВ, минибус и камп возило.