Роботи им ја земаат работата на таксистите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Таксистите во Јапонија ја губат работата и на нивно место доаѓаат роботи возачи, а до 2020 година во Токио сите такси возила ќе бидат оспособени за автономно возење.

Фирмата ZMP Inc. која се занимава со развој на автономната технологија и Hinomaru Kotsu се првите во светот кои ќе овозможат такси услуги со возила со автономно возење. Такси фирмите почнеле со пробно возење со автономните возила со цел понудената услуга да биде достапна за сите до 2020 година кога Токио е домаќин на Олимписките и параолимписките игри.

Во тестирањето на овие услуги, ZMP и Hinomaru користат едно комби возило опремено со разни сензори и други автономни технологии кои во моментот прават четири возења дневно на прометен пат во должина од 5,3 километри од точка А (Otemachi) до точка Б (Roppongi) i обратно.

Услугите со автономно возење односно таксирање се сметаат како решение за дефицитот на возачи во Токио како и за самата побараувачка на такси услуги меѓу посетителите на Јапонија од странство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK