Рачен часовник по повод 70. роденден на Porsche 356 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител ќе им понуди на купувачите ограничена серија на специјално направениот рачен часовник во знак на сеќавање на својот прв спортски модел од 1948 година.

Porsche со стил ја одбележува 70-годишнината од почетокот на производството на спортски автомобили со екслузивен часовник, а тој ќе биде направен во точно 1948 примероци.

Часовникот е наречен „1919 Daytimer 70Y Sports Car Limited Edition” и е дело на одделението Porsche Design. Како инспирација послужила оригиналната инструмент табла Porsche 356, a куќиштето во кое е сместен механизмот е изработено од титаниум. Нараквицата е од квалитетна и мека црна кожа.

Произведувачот тврди дека часовникот е отпорен на притисок од десет атмосфери, а на задниот дел е угравиран редниот број на примерокот и годината на јубилејот во чија чест е направен.

Цената на овој екслузивен часовник е 2.948 евра, а ќе биде достапен во 130 Porsche Design продавници ширум светот, во продажните салони на Porsche, како и на сајтот на германската компанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK