Први фотографии од новото VW Polo

ОБЈАВЕНО НА:

Најавено е дека дебито на шестата генерација на VW Polo ќе биде во Франкфурт есенва, а веќе се појавија и првите фотографии на возилото. Истите доаѓаат од Јужна Африка каде истото се тестира. Интересно е дека возилото е без камуфлажа и без регистрација, иако е очигледно дека станува збор за ново возило.

Читателите на Cars.co.za го начекале новото Polo, покажувајќи како навистина треба да изгледа моделот. Сепак со оглед на тоа што засега нема никакви најави и тизер фотографии ниту видеа од компанијата, можно е и овој изглед да не биде дефинитивен.

Новото Polo треба да се бори против новата Ford Fiesta, Kia Rio и Citroen C3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK