Промоција на првиот електричен камион од Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo Trucks го претстави целосно електричното товарно возило – Volvo FL Electric. Сериското производство и продажбата на новиот модел ќе почнат во Европа во 2019 година, а ова возило е наменето пред сè за градска дистрибуција, за собирање на смет и за други дејности во урбаните зони.

Максималниот вртежен момент на електромоторот на новиот модел е 425 Нм. Енергијата се добива со 2 до 6 литиум-јонски батерии со максимален капацитет од 300 кВтч. Брзото полнење одзема од 1 до 2 часа, а со едно полнење новиот камион може да помине до 300 километри.

„Исклучително сме горди на првото товарен камион од понудата на Volvo, кој е целосно електричен. Со овој модел веруваме дека ќе допринесеме за голем развој во градовите“, вели Клас Нилсон, претседателот на Volvo Trucks.

Инаку, првите товарни автомобили од понудата на Volvo FL Electric веќе се во редовно експлоатирање од клиенти во Гетеборг, градот кој е дом на Volvo Trucks.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK