Продолжува чистката: VW ќе отпушта уште раководни лица

ОБЈАВЕНО НА:

Дисциплинските постапки во VW групацијата ќе бидат проширени, и нема да завршат со двете групи на отпуштања на вработни вмешани во скандалот со мамењето при емисијата на штетни гасови од возилата. Претседателот на групацијата Дитер Потш им изјави на новинарите на првиот ден од саемот во Женева дека ќе има уште цела низа на консеквенци.

VW се воздржа со превземање на мерки против вработени на барање на властите во САД со цел да не се загрозува успехот на истрагата, потврди Потш.
Правните барања ќе завршат во петок кога VW треба да се изјасни за виновен во Детроит по три точки за кривичното дело како дел од договорот за решавање на обвиненијата во САД за инсталираниот таен софтвер во возилата да им се дозволи да се емитуваат и до 40 пати поголемо нво на штетни гасови од законскиот лимит.

Околу 40 вработени се вмешани во уништување на документи откако изби скандалот во септември 2015 година. Околу 11 млиони возила се опфатени со скандалот, а само мал дел од инженерите биле повикани да сведочат пред, а обвинети се седум вработени.
Инаку Audi што е премиум бренд во VW групацијата минатиот месец отпушти четири инженери поради нивната улога во мамењето. Други вработени се суспендирани или ја напуштиле компанијата откако почнала истрагата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK