Позната е цената на новата Lada Niva

ОБЈАВЕНО НА:

Појавата на прототипот на новата Lada Niva на саемот во Москва предизвика многу внимание во јавноста. Сите очекуваат култниот руски модел на теренско возило да се појави што побрзо. Но, истовремено сите се прашуваат која ќе бид енеговата цена.

Втората генерација на Lada 4×4 ќе биде поскапа од стариот модел, но сепак ќе остане една од најевтините понуди во сегментот, изјави поранешниот директор на АвтоВАЗ и следниот претседател на Groupe Renault, Никола Мор во интервју за Autonews.ru.

“Во согласност со ценовната политика на Алијанса при составувањето на спецификациите, возилата на Lada треба да бидат поевтини од тие на Renault. Новиот модел ќе поскапи малку во споредба со сегашната Lada 4х4, но ќе чини помалку од Renault Duster”, изјави Мор.

Во моментот Lada 4×4 е доста поевтина од верзиите на Duster со погон на двете оски. Основната верзија на чини 499.900 рубли (околу 6.370 евра).

Прототипот на следната генерација на модел беше прикажан на автосалонот во Москва. Претставниците на АвтоВАЗ објавувија дека сериската верзија на Lada 4×4 Vision може да влезе во производство во следните неколку години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK