Поскапува патарината во Србија за странските возила

ОБЈАВЕНО НА:

Ако патувате во Србија од денеска, 15 септември има нови цени на патарините, и тоа само за странските возила. ЈП “Патишта на Србија” информира дека со Одлуката за изменување на висината на посебниот надоместок за употреба на јавните патишта, негов дел и патниот објект – патарина извршено е усогласување на ценовниците со тековниот девизен курс на еврото .

Претходниот ценовник за патарина беше пресметан врз основа на девизниот курс бр. 218, Народната банка на Србија, од 13 ноември 2014 година, кога просечниот курс на еврото изнесуваше 120,3918 динари. Врз основа на новата одлука, сегашната девизна ценовна листа се пресметува според девизниот курс бр.173 од 10.09.2018 година и просечниот девизен курс на еврото е 118.2951.

Според новиот ценовник сега за патување од Ниш до Белград ќе се плаќаат седум евра наместо досегашните 6,5 евра.

Во текот на 2018 година, девизниот курс на динарот беше значително понизок од наведениот курс во 2014 година и како е стабилен долг период, ЈП “Патишта на Србија”, со согласност на Владата на Република Србија изврши измени на претходната одлука во делот што се однесува на критериумите за усогласување на девизните ценовницинна патарините.

Врз основа на новата одлука, усогласувањето на девизниот ценовник ќе биде направен со менување на официјалниот среден курс на еврото во однос на динарот од +/- 1%.

Новата одлука дефинира заокружување на цените во евра, така што вредноста на: 0,01-0.49 се заокружува на $ 0,50, а 0,51- 0,99 на 1,00 евро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK