Porsche во проблеми – ќе мора да повлекува aвтомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche се наоѓа повторно во проблеми. По неодамнешното повлекување на на моделот 918, сега ќе мора повторно да го стори истото. Имено, 305 сопственици на 918 Spyder ќе мораат да ги однесат своите автомобили на сервис откако компанијата објави дека моделите произведени во 2015 година имаат проблем со супсензијата.

Инаку токму поради истата оваа причина и претходно беа повлечени автомобили од овој модел, а германскиот производител објави дека сега ќе ги замени потребните делови со нови, изработени од поквалитетен материјал, а целиот процес би траел 7 до 8 часа и сето тоа бесплатно.

Сопствениците на сите 305 примероци во САД ќе бидат известени преку пошта, но засега нема точна информација кога тоа производителот од Штутгарт ќе го направи.