Pogea Racing ја „напумпа“ Alfa Romeo до речиси 500 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најпознатните тјунинг компании во светот кои ги доработуваат автомобилите од Италија, Pogea Racing, го презентираше својот нов проект. Се работи за возило базирано на Alfa Romeo 4C, а истото беше покажано за време на изложбата Top Marques.

Во стандардна форма, 1.75-литарскиот мотор на машината генерира моќност од 237 коњски сили, но после целосната преработка и вклучено зголемување на работниот обем до 1,95 литри, ставање на нови клипови, вентили и глава, моќноста е зголемена до неверојатни 477 коњски сили.

Благодарение на сериозните подобрувања, 4C веќе може да се пофали со забрзување и максимална брзина блиска до оние на супер автомобилите. Поточно од 0 до 100 км/ч возилото забрзува за 3,6 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 308 км/ч.

Основен фактот за успешен тјунинг тука е и исклучително ниската тежина. Основната модификација на 4С за европскиот пазар тежи неверојатни 895 килограми

Следете не и на:

24AUTO NETWORK