Почна туристичката сезона – поскапеа патарините во Хрватска

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите летово да патувате низ Хрватска или пак да заминете на летен одмор со автомобил тогаш бидете подготвени за поголем трошок од планираниот. Од пред две дена е зголемена цената на патарините, и сега додека трае летната сезона се плаќа повисока цена. За категориите IA, I и II (мотоцикли, патнички возила со приколка и камп) поскапувањето е дури 10 отсто.

Според информациите од Хрватскиот авто клуб (ХАК) поскапувањето е направено порано бидејќи и летната сезона почнала порано.

Новите цени ќе важат до 15 септември, по што се враќаат на претходното ниво. Поскапувањата се поради големиот број на туристи кои доаѓаат во летниот период, и поради поголемото користење на патиштата, и со поскапувањето ќе се наполни буџетот за полесно одржување на патиштата.

Според податоците од ХАК, на автопатот А1 од Загреб до Сплит, од 15 јуни за 2 категорија (патнички возила) наместо досегашните 284 куни сега патарината ќе чини 312 куни.

Од Загреб до Плоче, за патнички возила сега ќе се плаќаат 394 куни наместо досегашните 359 куни. На автопатот А1-А6-Загреб- Риека (Гробник) патничките возила ќе плаќаат 139 куни, а од Загреб до Липовац (автопатото Загреб – Белград) цената е 212 куни наместо досегашните 193 куни.

Напомена: 1 евро = 7,35 куни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK