Плагијат: Студент тврди дека Tesla го копирала моделот NSX

ОБЈАВЕНО НА:

Секогаш постоеле сомнежи, но и тврдења дека некој украл некаква идеја од друг или дека некој производ е копија на некој друг. Таква е ситуацијата и во светот на автомобилите, а еден студент на автодизајн Ериквин Г. вели дека Tesla Roadster е е копија на Honda NSX.

Тој има доста релевантни објаснувања на кои ги темели своите тврдења. Вели дека постојат премногу сличности меѓу двата автомобили. За почеток двете линии претставуваат roadster варијанти, а NSX поседува слични тркала иако Tesla додаде нешто повеќе краци. Од друга страна може да се види и слична линија на каросеријата веднаш зад предните рабови на тркалата, па се до задниот дел на вратите. Прозорите на задната страна се со сличен дизајн и практично неодоливо потсетуваат едни на други.

Кога овие модели ќе се погледнат одозгора сличноста продолжува. Двата автомобили поседуваат хауба со линии кои се стеснуваат до предниот браник. Обликот на панелот на задната четвртина на овие возила исто така доаѓа со речиси ист дизајн додека Tesla поседува нешто позаоблен стил и користи неколку прави линии за разлика од NSX.

Според острото око на момчето, двата автомобили се неверојатно слични, но не толку за да ја загрижат автомобилската јавност како сите дизајнерски кражби кои во последните неколку години се случиле во Кина.