Паркинг место продадено за 650.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во еден од квартовите во Хонг Конг место во подземен паркинг било продадено за рекордни 6 милиони (локални) долари (649.700 евра). Местото е со димензии од 5 на 2,5 метри, а тоа покажува дека не се работи за место на кое може да се паркира автомобил од повисока класа.

Паркинг местото било купено од маж и жена во септември во 2017 година за 368.170 евра, а само девет месеци подоцна сопружниците успеале да го продадат речиси за двојно поголема сума.

Од Агенцијата за недвижности велат дека жителите на комплексот се исклучително богати и немаат проблеми да платат така висока цена.

Претходниот рекорд при купување на паркинг место бил поставен исто така во Хонгконг. Минатата година во јуни било продадено место во друг елитен комплекс во реонот, а биле платени 5.2 милиони хонгконски долари, а тие се еднакви на 564.300 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK