Папата го продаде своето Lamborghini за 715.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред еден месец го доби на подарок од Lamborghini, а пред неколку недели беше најавено дека ќе го продаде на аукција, Папата Францис и официјално остана без својот специјален Huracan откако истиот беше продаден на аукција. Ова беше одличен дил за Папата кој за ова Lamborghini ќе добие 715 илјади евра, многу повеќе од почетната цена која изнесуваше околу 300 илјади евра.

Како и да е, сите средства добиени од оваа продажба ќе одат во добротворни цели. Така, 70% од средствата ќе бидат алоцирани во фонд за помош на ирачкиот град Ниневе кој беше целосно разрушен од ИСИС, 20% ќе одат во други добротворни групи и преостанатите 10% во фондот на Папата Џон XXIII.

Инаку овој автомобил беше специјално направен за Папата во сјајно бела боја со златно-жолти линии што го претставуваат знамето на Ватикан. Овој Huracan го придвижува мотор со 580 КС и 540 Nm обртаи.