Официјално: Во Србија на автопат дозволено до 130 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Она што и од претходно беше познато доби и официјална потврда. Денеска Владата на Србија ја изгласа измената и дополнувањето на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата со кое е предвидено зголемување на максималната брзина на автопатиштата во Србија од 120 на 130 км/ч.

Со оваа законска измена, Србија влегува во редот на земји кои дозволуваат максимална брзина од 130 км/ч. на автопатиштата. Толкава максимална брзина е предвидена и на автопатиштата во Словенија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Франција, Австрија како и во други земји од Европската Унија. Кај нас, максималната брзина изнесува 120 км/ч.

Покрај измената на максималната брзина, воведени се нови и построги казни за прекршувањето на овој закон, а особен акцент е ставен на паричните казни кои сега се зголемуваат. Новите законски измени стапуваат на сила веднаш.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK