Новите еко норми го зголемуваат интересот за возилата на метан

ОБЈАВЕНО НА:

Прифаќањето на новите еколошки стандарди во Европа води кон промени на пазарот кои има потреба не само од електромобилите и од хибридните возила туку и од моделите на метан (CNG). Тоа го покажува проучувањето на европската асоцијација на автомобилските производители (ACEA), според кои барањето на таков тип на автомобили веќе скокнало за 60 проценти на дел од пазарите.

Главниот двигател на овој тренд е Volkswagen Group, која има повеќе од двојно зголемување на продажбата на CNG во Европа. Германците се најголемите продавачи на автомобили на метан во Италија, која е и најголемиот пазар на такви превозни средства во Европа.

Во првите три месеци на континентот се продадени 19.496 возила. Лидер е VW Golf со 4518 автомобили. Интересот е голем бидејќи Volkswagen објави дека запира со прифаќањето на порачки за моделот со оглед на тоа што производството не може да ги задоволи побарувачките.

После Golf  на листата се наредени Skoda Octavia – 2 775 и Seat Leon – 2 010. На 4. позиција е Fiat Panda  со 1,645 продажби. Следвуваат  VW Up – 1316, VW Polo – 1023, Fiat Punto – 842, Audi A3 – 809 и Seat Ibiza – 780.

Volkswagen има зголемување на продажбите на возила на метан од 60%. Во првите три месеци од 2017 година биле продадени 2718, додека во првите три месеци од оваа година продадени се 7027. Интересот расте и за префрлање на метан во Audi A3, кој користи иста платформа како Golf, a за ова се чека веќе осум месеци.

Во 2017 година продажбите на возила на метан во Европа опадна за 15 проценти на 49.243 единици, но се очекува годинава тоа да биде компензирано.