Новиот Renault Megane Trophy доаѓа со 300 КС (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Renault открија детали за новата екстремна верзија Trophy на новиот Megane RS, а од она што го потврдија јасно е дека максималната моќност на новата верзија на 1,8-литарскиот турбомотор е 300 коњски сили.

Новото Renault Megane R. S. Trophy ќе има мотор кој е во состојба да генерира максимален вртежен момент од 420 Hm, а ќе се нуси во верзија со механички и роботизиран EDC менувач. Дополнително

Ќе има дополнителна суспензија и систем за контрола на четирите тркала – 4Control, спортска суспенција Cup, лесни 19-инчни тркала, тркачки систем за сопирање од специјалистот во областа Brembo, спортски гуми Bridgestone и друго.

За клиентите кои ќе бараат најмногу, од Renault имаат предвидено можност за порачка на нова генерација на предни спортски седишта Recaro, кои се тапацирани со Alcantara, а сите корисници ќе можат да сметаат на работата на системот Multi-Sense за избор на режими на однесување на патот на возилото, R.S. Vision, системот R.S. Monitor за собирање на податоци и друго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK