Новиот Peugeot 208 стигнува следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку дена официјално беше потврдено дека новиот Peugeot 2008 ќе се појави есента следната година, се појави информација дека новата генерација од 208 премиерно ќе биде претставена на саемот за автомобили во Женева следната година.

Овој модел ќе биде првиот на кој ќе биде аплицирана новата дизајнерска филозофија применета кај новата 508 која беше премиерно претставена оваа година. Тоа значи дека предната маска како и предните светла ќе бидат преземени од 508. Поголема разлика се очекува на задниот дел. Бројни новитети се очекува и во внатрешноста која малку повеќе ќе наликува на ентериерот кај 508, но со неколку изоставени детали.

Во однос на моторизацијата не се очекува новитети. Новата 208 ќе биде достапна со четири бензински мотори и тоа 1.0 литарски и 1.2 литарски три цилиндрични мотори и 1.4 литарски и 1.6 литарски четири цилиндрични мотори. Дизелските мотори се со кубикажа од 1.4 и 1.6 достапни со пет степен и шест степен менувач.

За прв пат на пазарот 208та на Peugeot се појавува во 2012 година откако претходно беше премиерно претставена на саемот за автомобили во Женева. Во својот сегмент Peugeot 208 важи за еден од најпродаваните автомобили, а со новата генерација Peugeot цели кон врвот на овој сегмент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK