Нова коалиција: Nissan, Renault и Mitsubishi ќе ги делат платформите за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

За да ги намалат трошоците за производство Nissan Motor, Renault и Mitsubishi ќе користат заеднички платформи за своите лекетрични возила, со што истите би требало да ги доведат до ниво на цени на конвенционалните возила со фосилни горива, пишува весникот Nikkei.

Алијансата Renault – Nissan е меѓу најгласните заговорници за технологијата на „нулта емисија“, но не успеаваат како поединец да ги исполнат нормите преку развојот на електрични возила одвоено.

Според весникот Nikkei, Renault и Mitsubishi Motors кои од недоамна се под капата на Nissan, сега треба да користат иста платформа како и новиот модел на Leaf што во 2018 година треба да се појави во продажба.

Трите компании ќе ги користат клучните компоненти како мотор, инвертот и батерии, потег што треба да го поевтини Leaf за половина, без да се крати на други места. На истата платформа ќе се произведува и моделот Renault Zoe.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK