Nissan ќе произведува нов електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Nissan соопшти дека стартува со производство на новиот целосно електричен модел Sylphy Zero Emission, изработен за кинескиот пазар.

Nissan Sylphy, кој официјално беше претставен за време на меѓународниот саем Auto China годинава, на своите идни сопственици ќе им понуди висока технологија, пространа внатрешност и одлична комоција. Електричниот погон ветува автономност од 338 километри со едно полнење на батеријата.

Самите батериски блокви на Sylphy Zero Emission се интергрирани под седиштата на возилото изработено на базата на електромобилот Nissan Leaf, што е гаранција за дополнителен простор во купето и лидерство во однос на слободниот простор за нозете на патниците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK