Нема веќе „нервозно“ свирење – со „умни“ камери ќе се ловат бучните возачи (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Колкупати сте „легнале“ на сирената во возилото сакајќи нешто да предупредите или едноставно да искажете револт. Но, честопати и непотребно се прави бучава што знае да биде и неподнослива. Еден од шесте најбучни градовиво светот е Пекинг, и токму тие 5 милиони возачи што секојдневно свират им помогнале на властите да најдат начин да се справат со таквото однесување.

Кинезите сакаат да се справат со таквото однесување и по ланскиот пилот проект биле инсталирани 20 акустични камери што можат да ги идентификуваат автомобилите што свират.
Камерите се поставени во близина на училишта и болници и користат 32 микрофони и ХД камери за да се сними кратко видео за автомобилот што свири.

Тие снимки од две секунди потоа се анализираат од полицијата која решава дали свирката била неопходна или не. Ако немало потреба за свирење на домашна адреса стигнува казна од 12,5 евра.

Според Business Insider околу 40 градови меѓу кои и Шенжен инсталирале камери кои имаат прецизност од 92 до 95 отсто.
Сега се очекува да се стигне до ниво кога камерите ќе може да ги препознаат и возачите. Ќе биде и тоа сигурно, еден ден.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK