Нема попуст ниту за своите: Германија забрани продажба на Porsche Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Министерот за транспорт на Германија Александар Добринт ja забрани регистрацијата на новите модели на Porsche Cayenne 3.0 TDI што се поврзани со скандалот за манипулации со штетните емисии. Во цела Европа во сервис ќе бидат повикани вкупно 22.000 примероци од моделот за да се изврши промена.

При правењето на тестот, луксузниот SUV бил проверуван за емисијата на гасови, и тој влегувал во специјална режим, кој при нормално возење е оневозможен.

Додека Porsche не издаде нова верзија на софтверот за управување со моторот, која треба да биде одобрена од Добринт и Mинистерството во Германија регистрацијата на дизел Cayenne ќе биде забранета.

Сервисната акција најверојатно ќе започне есенва и ќе биде завршена максимално брзо, а сопствениците на погодените Porsche ќе треба да остават своите автомобили во сервисите само околу еден час.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK