Нема да има илјадарка: Range Rover SV Coupe со ограничено производство

ОБЈАВЕНО НА:

Одличните критики коишто Range Rover SV Coupe ги доби за време на саемот во Женева дадоа и одлична најава за прием на возилото кај клиентите. Сепак, се работи за автомобил кој ќе биде произведен во ограничен број на примероци.

Компанијата планира да има само 999 возила од овој тим, а причината за тоа е што не сакаат со големи испораки да ја намалат вредноста на автомобилот.

Со ова практично сакаат SV Coupe за неколку години да има поголема вредност на пазарот отколку што денес е неговата цена, која изнесува 240.000 евра.

СУВ возилото со две врати има 5-литарски V8 мотор со 565 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч забрзува за пет секунди, а максималната брзина е 265 километри на час.